Thursday, April 29, 2010

Украден момент

Здивот
застана
на половина пат
меѓу мене и тебе...

тогаш
Молкот се стори збор,
зборот-кавга
а таа, пак, си најде место кај нас,
меѓу нас,
се вовлече како крадец кришум
и ни го зеде моментот

кога требаше да здивнам,
кога сакав да вриснам со најтивок шепот
дека ми недостигаш,
ти КУЛО од КАРТИ
за да те срушам
и пак да те создавам...

No comments: