Thursday, April 29, 2010

Дрворед

На дрвена масичка
молив реди стихови
за црешата, оревот, дабот, борот
а никој да им каже дека
тој, моливот и
таа, масичката
веќе во себе носат
црешов мирис
ореова сенка
дабова тишина
борова вечност.

No comments: