Thursday, April 29, 2010

Дрворед

На дрвена масичка
молив реди стихови
за црешата, оревот, дабот, борот
а никој да им каже дека
тој, моливот и
таа, масичката
веќе во себе носат
црешов мирис
ореова сенка
дабова тишина
борова вечност.

Звуци

Збор...мирен...смирен

Сон...немирен...несмирен

Глас...чуен...нечуен

Молитва...молена...замолена

Хаику...Тивко...претивко

Ракопис...знаен...незнаен

Љубов...пеана...недопеана

Украден момент

Здивот
застана
на половина пат
меѓу мене и тебе...

тогаш
Молкот се стори збор,
зборот-кавга
а таа, пак, си најде место кај нас,
меѓу нас,
се вовлече како крадец кришум
и ни го зеде моментот

кога требаше да здивнам,
кога сакав да вриснам со најтивок шепот
дека ми недостигаш,
ти КУЛО од КАРТИ
за да те срушам
и пак да те создавам...

Слики

Ред прашина
меѓу сликите
на полиците

Ред спомени
меѓу сликите
крај книгите

Ред љубов
меѓу сликите
во рамките

Ред музика
меѓу сликите
на дисковите

Ред до ред
Слика во слика
Љубов за Љубов
редиме години

Thursday, April 22, 2010

Thursday, April 15, 2010

Sunday, April 11, 2010

spring cherry snow


home-made baozi in Macedonia




so tasty, so chinese..
Thank you S. & G.

Sunday, April 4, 2010

Happy Easter!








I wish all my Macedonian friends and all those others around the world celebrating Easter happy and joyful holiday!
lots of LOVE,
D.

Thursday, April 1, 2010